04 април 2024

„Да ги чуваме шумите!“, превентивна активност на РЦГР Југ

Денеска (04.04.2024) од страна на полициски службеници од ПС за ГН Михајлово при РЦ за ГР Југ одржана е превентивна активност ,,Да бидеме совесни граѓани, да ги чуваме шумите, тие се белите дробови на природата и да го зачуваме нашето национално богатство", по Планот за мерки и активности во врска со заштита на шумите од пожари во реонот на Витачево.

На граѓаните им беа поделени летоци, а и преку директна комуникација им беше укажано на последиците кои можат да настанат од пожарите, како и за начините како да се заштитиме од пожари и начините како најбрзо да се пријават до надлежните институции.