Вчера (28.03.) на магистралниот пат Виница – Кочани полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Виница, реализираа превентивно -едукативна кампања под мотото - „ Стави појас ”.
Главната цел на кампањата беше на учесниците во сообраќајот да им се потенцира потребата од почитувањето на сообраќајните правила и прописи, особено користењето на сигурносен појас при управувањето на возилото. При реализацијата на кампањата беа поделени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП.
Исто така, и полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Берово спроведоа превентивна активност на тема - „Паркирај совесно и одговорно“ во централното градско подрачје и Градски пазар во Берово. Целта на превентивната активност беше насочена кон подигање на свеста кај учесниците во сообраќајот за подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата и укажување на учесниците во сообраќајот за последиците кои можат да настанат со непрописно и несовесно паркирање на возилата.