Денеска (29.03.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициското одделение Чашка согласно планот за превентивниот проект -„За безбедност во училишта“, реализираа едукативна работилница во Основното општинско училиште „Тодор Јанев“ во општина Чашка.
Притоа, фокусирајќи се на темите за превенција од врсничко насилство, насилство преку социјални мрежи и превенција од зависности, едукативната работилница беше одржана за учениците од осмо и деветто одделение. Преку соодветно подготвени презентации учениците беа запознати со сите за нив важни аспекти од темите, особено околу ризиците и законските последици од разните облици на социо-девијантно однесување и со начините како тие да се препознаат, со цел правилно да ги превенираат и да се заштитат.