Вчера (28.03.) полициски службеници од полициската станица за безбеднoст на сообраќајот при СВР Битола, во Битола, на повеќе локации низ градот, спроведоа превентивна активност ,,Ако возиш - немој да пиеш, ако пиеш - немој да возиш“, при што делеа едукативно - превентивен материјал, изработен во соработка со РСБСП и разговараа со возачите за штетните последици доколку возачот под дејство на алкохол управува возило.
Покрај ова, во текот на вчерашниот ден, Отсекот за превенција во основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола реализираше работилница на тема - „Кажи не на дрогата- да на животот“, при што на учениците им беше презентиран видео материјал со едукативна содржина од опасностите од користење на наркотични дроги.