28 март 2024

„Биди одговорен возач- не користи мобилен телефон“, превентивна активност на ОВР Кавадарци

Денеска (28.03.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на ОВР Кавадарци беше спроведена сообраќајно едукативна акција под мотото – „Биди одговорен возач - не користи мобилен телефон“.

Целта на оваа акција беше подигање на свеста кај возачите за почитувањето на сообраќајната регулатива и пред се - укажувањето за последиците од користењето на мобилните телефони за време на управувањето на возила.
На возачите им беа делени и едукативни летоци изработени од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата .