Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска (27.03.) во централно градско подрачје во Куманово, реализираа превентивна активност во рамки на сообраќајно-безбедносната кампања „Стави појас“.
Целта на превентивната активност беше да се потсетат возачите како непосредни учесници во сообраќајот за задолжителната обврска за носење на заштитен појас, како и зголемување на сообраќајната култура кај возачите. Воедно, на учесниците во сообраќајот им беа поделени летоци изработени во соработка со РСБСП, а со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила.
Инаку и вчера во Крива Паланка, полициските службеници од ОВР Крива Паланка реализираа превентивна кампања на темата „ Има помош за живот без насилство“ . На граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина и им беа давани совети за помош , поддршка и заштита од насилство. Притоа , беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, пред се , преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192.