24 март 2024

Превентивни активности на СВР Велес

Денеска (24.03.2024), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност под мотото „Пламените јазици се незапирливи". Активноста беше реализирана на излетнички и туристички места, села и места каде во овој период се обработуваат полјоделски, лозарски и овоштарски насади на подрачјата на Велес и Кавадарци.
Полициските службеници, преку непосредни разговори ги запознаа граѓаните за најчестите причини за настанување на шумските пожари, кои превентивни мерки да ги преземат за да се заштитат шумите како најголемо богатство од пожари, а беше потенцирана и потребата за поголема соработка и навремено пријавување на какви било појави на несовесно однесување од страна на граѓани, како што се фрлање и палење на ѓубре отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции.
Во рамки на активноста беа поделени и едукативно-информативни летоци, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.