22 март 2024

Превентивна активност на СВР Велес

Вчера (21.03.) од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР-Велес на подрачјето на Велес, односно во близина на езерото Младост споведена е превентивна активност за превенција од пожари, при што на граѓаните им се беа делени летоци со едукативна содржина во врска околу превентивните мерки кои треба да се преземат со цел да се заштити шумското богатство од пожари.

Притоа, на средбите со граѓаните од страна на полициските службеници беше потенцирано за потребата за поголема соработка и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, фрлање и палење на ѓубре и оган особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции.