Денеска (17.03.2024), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП Национални шуми, спроведе превентивно едукативна активност за заштита од пожари. Едукативно превентивната активност се спроведе на подрачјето на Општина Петровец односно во с. Петровец, с. Ржничино, с. Огњанци и с. Катланово. На жителите на овие места им беа посочени последиците кои можат да настанат од палење на стрништа и предизвикување на пожари. Притоа, им беше поделен и едукативен материјал.