15 март 2024

Превентивна активност на СВР Скопје за побезбеден сообраќај

Денеска (15.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје организираше едукативно превентивна активност од областа на сообраќајот во меѓународно училиште „Нова“, а наменето за деца од предучилишна возраст.

Имено, во рамките на планираната едукација на деца од оваа возраст, согласно годишниот план за едукативни работилници и проектот “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“,беше спроведена едукативна работилница и притоа на интерактивен начин преку користење на разни алатки и методи, на децата им беа презентирани и објаснети информации за основите на сообраќајната култура. Исто така, беа презентирани базични информации за сообраќајните правила, прописи и знаци, со посебен акцент на оние кои директно влијаат врз безбедноста на децата на нивна возраст, како учесници во сообраќајот во улога на пешаци.