14 март 2024

Превентивни активности на СВР Штип

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип, вчера (13.03.) на повеќе локации во централно градско подрачје во Штип, во содејство со полициски службеници од ПС од ОН Штип, спроведе превентивно едукативна кампања под мотото – „МВР за граѓаните: безбедна заедница - мирна заедница”.

Активноста се реализираше преку непосредни средби со граѓаните на кои им беа поделени летоци со совети како да се заштитат од имотни деликти, пред се кражбите, разбојништвата и измамите кон кои се подложни возрасните категории граѓани.
a
Исто така, полициските службеници ги презентираа искуствата и практичните начини за препознавање и превенирање од имотни деликти при што особено беше нагласена важноста од благовремена комуникација и соработка со полицијата со навремено пријавување на настаните на бесплатниот телефонски број 112 .