Вчера (11.03.) од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес со учениците од општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во Кавадарци беше спроведена едукативна работилница на тема – „Насилство во училиштата“ и „Врсничко насилство“.
Притоа, во рамки на работилницата преку соодветно подготвена презентација учениците беа запознаени со феноменот на насилството меѓу децата, со формите на појавност на оваа социо-девијантна појава, како и за начините за благовремено детекирање и превенирање на врсничкото насилство. Преку практични примери од полициското секојдневие, на учениците им беа претставени сите штетни последици од врсничкото насилство, како од законски така и од социјален, образовен, културен и воспитен аспект.