Денеска (12.03) од страна на полициски службеници од ОВР Крушево при СВР Битола, во централното градско подрачје на Крушево спроведена беше превентивна активност на тема „Безбедна заедница, мирна заедница“. Во рамки на активноста, реализирана во форма на отворена средба со граѓаните од постарите возрасни категории, преку непосредна комуникација на граѓаните им се укажуваше, за формите на имотни деликти, пред се кражбите, разбојништвата и измамите кон кои се подложни возрасните категории граѓани.
Исто така, полициските службеници ги презентираа искуствата и практичните начини за препознавање и превенирање од имотни деликти при што особено беше нагласена важноста од благовремена комуникација и соработка со полицијата. Воедно, на граѓаните им беа поделени и едукативни материјали со информативни содржини.