Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Велес во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Кавадарци , денеска (08.03.), по повод Денот на жената, организираa едукативно превентивна активност на подрачјето на општина Кавадарци.
Имено, во рамките на планираната едукативно превентивна активност наменета за жени возачи, учесници во сообраќајот, полициските службеници честитајќи го празникот делеа едукативни печатени материјали со информативни содржини фокусирани на користењето сигурносен појас; почитувањето на пропишаната брзина; некористењето мобилен телефон при возење; потоа избегнување на управување на возило под дејство на алкохол, а сето тоа во насока на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Исто така, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Велес денеска и во Велес по истиот повод - Денот на жената, организираa едукативно превентивна активност, при што на припадничките од понежниот пол покрај цвеќе им беше поделен едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП.