08 март 2024

Превентивни активности на СВР Струмица за побезбеден сообраќај

Денеска (08.03.) Секторот за внатрешни работи Струмица во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност ја реализира кампањата „Вози одговорно“.

На повеќе локации на подрачје на Струмица полициски службеници од СВР Струмица и советници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на сите жени затекнати како управуваат моторни возила им поделија подароци и летоци со едукативна содржина во кои ги потсетуваат дека треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Вакви активности денес ќе преземат и останатите полициски службеници од СВР Струмица.