Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Ресен при СВР Битола, заедно со претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска во Ресен, спроведоа превентивно - едукативна активност во рамки на кампањата ,,СТАВИ ПОЈАС“. На граѓаните и возачите покрај поуките околу важноста на овој безбедносен сегмент во сообраќајот, пред се во интерес на личната безбедност на учесниците во сообраќајот им беа поделени превентивно - едукативни материјали со содржини за важноста од користење на сигурносните појаси, како и за последиците од повреда при сообраќајна незгода.
Во текот на денов како и вчера на подрачјето на Ресен полициски службеници во централното подрачје на Ресен како и во околината на градскиот пазар реализираа активност под мотото - „Безбедна заедница- мирна заедница“ во насока на поголема заштита од имотни деликти: кражби, измами и разбојништва.