Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Битола, вчера (29.02.2024) на подрачјето на СВР Битола, на повеќе локации со акцент на населбата Баир , спроведе превентивна активност во рамки на кампањата на Министерството насловена како „Градиме пријателство-создаваме безбедност“, фокусирана на превенција од имотни деликти, пред се кон превенцијата од џебни кражби и измами врз постари лица и пензионери.
Оваа превентивна активност се реализираше преку непосредни средби со граѓаните и во текот на низата разговори со нив, особено со повозрасните лица, полициски службеници укажуваа за начините за самозаштита, за сите важни елементи како да се препознаат и превенираат ваквите имотни деликти. Притоа беше нагласено дека еден од суштинските чекори е навремената комуникација и соработка со полицијата.