01 март 2024

Реализирани превентивно едукативни активности во рамки на СВР Штип


Денеска (01.03.2024) полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Свети Николе реализираа превентивна активност под мотото – „Вози одговорно-стави појас“.

Превентивната активност беше реализирана на патните правци околу Свети Николе на автопатот А4 Штип – Скопје, клучката Кадрифаково при што полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот укажуваа на обврската за носење на појас при патување која важи и за возачите и совозачите, а беше укажано и за казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа одредба. Беше потенцирана и значајната заштитна улога која ја има сигурносниот појас при случена евентуална сообраќајна незгода.

Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП, се со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообрачајот,како за подобрување на својата лична но и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот,како и за придонесување за побезбедни патишта.

Покрај ова денеска и Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип, заедно со полициски службеници од Полициската станица од Штип, на повеќе локации во централно градско подрачје во Штип спроведе превентивно едукативна кампања на тема “Заштити се од џепни кражби”, којa се реализираше преку непосредни средба со граѓаните на кои им беа давани совети за самозаштита од имотни деликти - разбојничка кражба, разбојништво, дрска кражба и други кривично дела, при што особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192, а им беа поделени и летоци со едукативна содржина.