28 февруари 2024

Реализирани превентивно едукативни активности на подрачјето на СВР Скопје


Денеска (28.02.2024), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе сообраќајна превентивно едукативна активност под мотото “Стави појас“. Едукативно превентивната активност се спроведе на подрачјето на Општина Центар, односно кај Порта Македонија. Основна цел на проектот е зголемување на сообраќајната култура кај возачите на патнички моторни возила, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, по случаен избор на присутните граѓани возачи им се укажуваше дека со применување на мерки за самозаштита и носење на безбедносен појас ќе се превенираат последиците од повреди при сообраќајна незгода, и при тоа им се делеше и едукативен материјал односно летоци, на кои се испишани едукативни препораки;

Дополнително, од страна на Униформирани полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари реализирана е превентивна едукативна работилница на тема “Зависности“ со учениците од клубот за превенција во ОУ “Браќа Рамиз и Хамид“.

Учениците преку Power Point презентација беа запознаени со темата, појаснувајќи дека зависноста може да биде различна односно зависност од наркотици, алкохол, никотин, коцкање, мобилен телефон, интернет и друго. Разните зависности често се генератор на агресивност, насилство и криминал, а тоа носи и неизбежни негативни појави и последици кај зависникот, неговото семејство и поширокото општествено опкружување. Исто така, објаснети беа и начинот на превенција од зависностите која што се состои од информираност и едукација.