27 февруари 2024
Реализирана превентивна активност во рамки на СВР Велес
На 27.02.2024 година од страна на Отсекот за превенција при СВР-Велес на подрачјето на Кавадарци спроведена е превентивна активност под мото „Безбедна заедница-мирна заедница“ со посебен акцент на превенцијата од кражби и измами.
Во текот на низата средби и разговори со граѓаните особено со повозрасните лица , полициските службеници укажуваа и појаснуваа за формите на имотни деликти, за законскиот третман за различните форми на имотен криминал и секако за начинот и постапките кои треба да се превземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела. Покрај оваа на граѓаните им беа поделени и печатени материјали со практични совети од областа на заштитата од имотните деликти.