27 февруари 2024

Реализирани превентивни активност во рамки на СВР Битола

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола, денеска (27.02) реализираа превентивно-едукативна активност со штитеници од Заводот за оштетен слух и говор „Кочо Рацин" од Битола, заедно со нивните родители и вработените во установата. Притоа, беа спроведени едукативни предавања на темите: „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“.

Во рамки на предавањето, штитениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога, а исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи како и нивно навремено препознавање и превенирање, како и за спречување на насилството помеѓу младите.

Инаку вчера полициските службеници од сообраќајната полиција на СВР Битола на подрачје на Прилеп заедно со преставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот, реализираа и превентивни активности во насока на поголема безбедност во сообраќајот под мотото „Стави појас“ при што на возачите покрај препораки и совети за безбедно управување на возилата и соодветно паркирање им поделија и едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП.