25 февруари 2024

Превентивни активности на СВР Велес

Денеска (25.02.2024) од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициската станица Велес и Полициско одделение Чашка, на подрачјето на Велес, општина Чашка и околните населени места беше спроведена превентивна активност во рамките на кампањата „Има помош за живот без насилство“ која Министерството за внатрешни работи ја спроведува во соработка со Фондот за население на Обединетите нации. Во спроведената превентивна активност преку директна комуникација со жителите и делење на информативен материјал, пред се на жените, полициските службеници ги информираа граѓаните каде да го пријават насилството и како да се заштитат, а беа информирани и за законските санкции за насилниците.