Одделението за превенција при СВР Скопје во склоп на превентивната кампања за превенција од имотни деликти под мотото „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, денеска (25.02.) реализираше едукативно превентивна активност на подрачјето на општина Карпош.
Притоа, во реонот на „Средно Водно“ полициските службеници во непосредни средби и разговори со граѓаните укажуваа на важноста од заштита од имотните деликти, особено заштита од тешки кражби од патнички моторни возила. Тие ја нагласија и потребата од дополнително зајакнување на соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Воедно, на граѓаните им беа делени и едукативни летоци со информативни содржини од областа на имотните деликти.