24 февруари 2024

Превентивна активност на СВР Струмица

Денеска (24.02.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица Струмица на повеќе локации на подрачје на Струмица спроведуваат превентивна активност во рамки на кампањата „Има помош за живот без насилство“, која Министерството за внатрешни работи ја спроведува во соработка со Фондот за население на Обединетите нации. Во рамките на овие активности преку директна комуникација и делење на информативен материјал на граѓаните на Струмица, пред се на жените, полициските службеници ги запознаваа како и каде да го пријават насилството и како и каде можат да се заштитат