23 февруари 2024

Превентивна активност на РЦГР Исток

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и полициски службеници од граничниот премин Деве Баир, вчера (22.02.) во Општинското основно училиште „Јоаким Крчовски“ во општина Крива Паланка, реализираа едукативна превентивна активност на тема : „Превенција од насилство, сајбер насилство и злоупотреба на социјалните мрежи“.

Преку разговори и дискусија учениците беа запознаени со формите и облиците на манифестирање на насилство помеѓу врсниците, а стана збор и за онлајн насилството, односно сајбер булингот. Исто така учениците беа запознати како најдобро да се заштитат од евентуални злоупотреби на социјалните мрежи, со посебен акцент на внимателност при контакти со непознати лица. Воедно, учениците беа информирани за проблематиката на говорот од омраза на социјалните мрежи, како и околу законската регулатива предвидени за такви случаи.