Денеска (23.02.2024) полициски службеници од ОВР Берово во централното градско подрачје во Берово спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајната безбедност „Стави појас“
Притоа, граѓаните беа информирани за тоа која е предноста од користење на сигурносни појаси, пред се заради лична безбедност и заштита на возачот и на другите учесници во сообраќајот. Беше укажано дека сигурносните појаси не се наменети само за возачот, односно обврската се однесува и на сопатниците на предните седишта и на тие што седат на задните седишта и тоа без разлика дали се движат во населено место или надвор од населено место.
Покрај ова, граѓаните беа запознаени со законските норми по однос на задолжителноста од носење сигурносни појаси, а во текот на активностите им беа делени и летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП.