22 февруари 2024

Превентивни активности на СВР Скопје

Денеска (22.02.) од страна на полициски службеници од ПО Мирковци беше реализирана превентивна едукативна работилница на тема – „Трговија со луѓе“ со учениците од основните општински училишта „Александар Урдаревски“ и „Кирил и Методиј“ на подрачјето на оваа полициска организациона единица. Учениците беа запознати со начините за превенција од трговија со деца која што примарно се состои од информираност и едукација.

Инаку, и вчера Одделението за превенција при СВР Скопје постапувајќи по планот за „Превенција од имотни деликти“ реализираше едукативно превентивна активност на подрачјето на општина Центар. Основна цел на проектот беше заштита од тешки кражби од куќи и станови, разбојништва, насилства, измами, како и заштита од тешки кражби од патнички моторни возила и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. На граѓани им се укажуваше дека со навремен повик и брза реакција на полицијата можат да се превенираат последиците, и при тоа им се делеше и еукативен материјал односно летоци со информативни содржини.

Дополнително и од страна на полициски службеници од ПСОН Ѓорче Петров вчера беше реализирана превентивно едукативна работилница на темата - „Семејно насилство“ со учениците од основните општински училишта „Јоаким Крчовски“ (во село Волково) и од „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ (во Ѓорче Петров). Учениците преку наменски подготвена презентација беа запознати со поимот - насилство, со видовите на насилство и со начинот за заштита и пријавување на семејното насилство. При тоа на учениците им беше поделен и едукативен материјал со корисни информации во врска со начинот на пријавување на случаи на семејно насилство.