Отсекот за превенција при СВР Штип во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Виница, на 17.02.2024 на магистралниот пат Штип-Велес, експресниот пат Штип -Радовиш и на експресниот пат Штип-Кочани спроведоа превентивно - едукативни активности под мотото „Намали ја брзината’’ и „Стави појас”.
Притоа, на возачите како учесници во сообраќајот им беа дадени препораки за почитување на сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот. Исто така беа делени и летоци со едукативна содржина