Денеска (15.02.) полициски службеници од ОВР Берово спроведоа превентивна активност на тема „Има помош за живот без насилство” со жителите на Берово.
Притоа, преку непосредни разговори со граѓаните, тие беа информирани за појавите на семејно насилство, односно облиците на семејно насилство, како и за правата на луѓето и мерки за заштита при постоење на некој од облиците на семејно насилство. z
Воедно, се разговараше и за постапките и процедурите во такви случаи како и за достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој. На граѓаните им беа поделени и летоци со информативни содржини за заштита од семејно насилство, а беа поставени и плакати со основни информации, вклучително и со телефонски броеви за пријава во случај на потреба од помош и поддршка.
Инаку, и вчера на подрачјето на СВР Штип, односно во Свети Николе полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе во соработка со општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Свети Николе и РСБСП спроведоа едукативна кампања под мотото - ,,Вози одговорно вози безбедно“.
Притоа, на повеќе патни правци во и околу Свети Николе, во непосредна комуникација со возачите полициските службеници укажуваа на важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи, на граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина со апел да не се управува моторно возило доколку се конзумира алхохол, за почитување на правилата и прописите за ограничување на брзината, а се со цел нивна безбедност и безбедност на сите учесници во сообраќајот.