13 февруари 2024

Превентивни активности на СВР Штип

Денеска (13.02.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Виница реализираа активности во рамки на превентивно -едукативна кампања „Биди подготвен за безбедно патување во зима“ . Притоа на граѓаните, на повеќе локации во градот им беа делени и летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП. Главната цел беше на учесниците во сообраќајот да им се потенцира почитувањето на сообраќајните правила во зимски услови, а во насока на поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Вчера пак полициски службеници од ОВР Свети Николе спроведоа превентивна активност со жителите на Свети Николе, а посветена на информирање на граѓаните околу превенцијата на семејното насилство.

Притоа, преку непосредни разговори со граѓаните тие беа информирани за појавите на семејно насилство, односно облиците на семејно насилство, како и за правата на луѓето и мерки за заштита при постоење на некој од облиците на семејно насилство.

Дополнително, се разговараше за постапките и процедурите во такви случаи како и за достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој. Исто така на граѓаните им беа делени и летоци со информативни содржини за заштита од семејно насилство, а беа поставени и плакати со основни информации, вклучително и со телефонски броеви за пријава во случај на потреба од помош и поддршка.