13 февруари 2024

Превентивни активности на СВР Битола


Секторот за внатрешни работи Битола во текот на денов (13.02.) реализира низа превентивни активности под мотото - „Слави со срце, не со оружје". Така, во централното подрачје на Ресен, полициски службеници разговараа со граѓаните околу опасностите од неовластеното пукање со огнено оружје на разни свечености, како и за законските последици што од тоа произлегуваат.

Воедно, полициските службеници од ОВР Ресен на граѓаните низ централното подрачје и Градскиот пазар им поделија летоци со едукативна содржина.

Во делот на безбедноста на сообраќајот полициските службеници, исто така, на територија на Ресен реализираа и низа превентивни активности за побезбеден сообраќај.