Вчера (08.02) полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Ново Село“ при Регионален центар за гранични работи Исток, реализираа превентивна активност посветена на превенција од илегалната миграција.
Така, во рамките на активноста, полициските службеници на возачите на товарни моторни возила на влез во Република Северна Македонија, им укажуваа за потребата да вршат зачестени проверки во товарниот дел од возилата при секое нивно застанување и повторно тргнување, поради случаите на мигранти кои се качуваат во приколките на товарните моторни возила со намера илегално да бидат пренесени преку граница или до одредени дестинации, и доколку се посомневаат за присуство на лица во товарниот простор веднаш да ја известат полицијата. Дополнително на оваа категорија возачи им беа поделени печатени едукативни материјали.