Денеска (07.02.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во централното градско подрачје во Куманово, реализираа превентивна активност во рамки на кампањата– „Биди подготвен за безбедно патување во зима“.
Целта на превентивната активност беше да се потсетат возачите како непосредни учесници во сообраќајот за задолжителната обврска за поседување на зимска опрема, како и околу потребата од прилагодување на зимските услови на патиштата, а во насока на безбедно движење и пристигнување на посакуваната дестинација. На возачите-учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила изработени во соработка со РСБСП.