Денес (07.02.) Одделението за превенција при СВР Скопје организираше едукативно превентивна активност од областа на сообраќајот, во ОУ „Кочо Рацин“, на подрачјето на општина Центар.
Имено, во рамките на планираната едукација на учениците од второ одделение, согласно годишниот план за едукативни работилници наменет за ученици од второ и четврто одделение, беше спроведена едукативна работилница на тема – „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Притоа, на интерактивен начин на учениците им беа презентирани и објаснети информациите за основите на сообраќајната култура, сообраќајните правила, прописи и знаци, со посебен акцент на оние кои директно влијаат врз безбедноста на децата кои се учесници во сообраќајот пред се во улога на пешаци.