07 февруари 2024

Превентивни активности на СВР Велес

Денеска (07.02.) на подрачјето на Кавадарци и село Марена од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес беше спроведена превентивна активност со посебен акцент на превенцијата од кражби и измами. Во текот на низата средби и разговори со граѓаните, особено оние од повозрасните категории, полициските службеници појаснуваа за формите на имотни деликти, за законскиот третман за различните форми на имотен криминал и секако начинот и постапките кои треба да се превземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела. Покрај ова, на граѓаните им беа делени и печатени материјали со практични совети од областа на имотните деликти.

Исто така и вчера (06.02.) од страна на Oтсекот за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес, во општинскиот ученички дом „Лазар Лазаревски“ во Велес беше реализирана едукативна работилница ,,Кажи не на дрогата, да на животот“.

Присутните ученици беа запознати со последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога, а стана збор и за последици од конзумирање на алкохол и цигари.