Вчера (05.02.2024), полициски службеници од ОВР Кичево во основните училишта „Санде Штерјоски“ и „Кузман Јосифоски“ во Кичево го реализираа превентивно-едукативниот проект за превенција од булинг и сајбер булинг. Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од осмо и деветто одделение прецизно им беа објаснети поимите булинг и сајбер булинг, како и појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците и он-лајн насилството како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи и дигиталната технологија. Учениците беа запознаени како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде и со кого да ги споделат тие информации.