Денеска (05.02) полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток, во соработка со стручните служби во Општинското основно училиште „Ванчо Прке“ во Делчево, одржаа едукативна работилница на тема: „Превенција од злоупотреба на социјалните мрежи и сајбернасилство“.
Преку разговори и дискусија учениците беа запознаени со злоупотребите на социјалните мрежи, пред сѐ околу сајбернасилството, потоа за формите на сајбернасилство, и посебно за тоа како да се заштитат од ваквите појави и да знаат да препознаат говор на омраза.
На учениците им беа дадени низа совети како побезбедно да го користат интернетот, а посебно социјалните мрежи, кои и какви информации не е пожелно да постираат на социјалните мрежи, каде да пријават - доколку некој направи некоја злоупотреба на нивниот профил и слично.