02 февруари 2024

Превентивни активности на ОВР Берово

Денеска (02.02.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово, во содејство со претставници од Здравствениот дом Берово и од Центарот за социјална работа Берово, во гимназијата „Ацо Русковски“ во Берово спроведоа едукативно предавање за превенција од зависности од дрога и алкохол.

Притоа, присутните ученици беа запознаени со повеќе аспекти од оваа област како законската регулатива и пропишаните законски одредби и особено за штетното влијание на алкохолот, наркотичните дроги и психотропни супстанци врз организмот на човекот.

Исто така, беа презентирани низа практични примери околу девијантните и асоцијални појави како причинители за натамошно криминално однесување кај младите, а воедно беа објаснети и начините за нивно спречување, превенирање и промовирање на позитивните вредности, а се со цел заштита на младите од штетните влијанија и последици кои овие негативни појави ги предизвикуваат.