Вчера (31.01.) од страна на полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеник од Оддел за недозволена трговија со дрога, во интернатот „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци, со учениците од прва до четврта година, корисници на сместувачките услуги во интернатот, беше спроведена едукативна работилница на темите поврзани со превенција од зависностите од дрога. Притоа, на учениците преку соодветно прилагодена презентација, како и практични примери, им се претставени штетните последици од зависностите, како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на појави.
Дополнително беа презентирани законските, кривични аспекти од користењето, поседувањето или преподражбата на дроги и психотропни супстанци.