31 јануари 2024

Превентивни активности на ОВР Кичево

Вчера (30.01.2024) во основните училишта „Санде Штерјоски“ и „Кузман Јосифоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го реализираа превентивно-едукативниот проект за превенција од булинг и сајбер булинг.

Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од осмо и деветто одделение прецизно им беа објаснети појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците и онлајн насилството, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи и дигиталната технологија. Учениците беа запознаени како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде и со кого да ги споделат тие информации.