25 јануари 2024

Превентивни активности на СВР Битола

Полициски службеници од СВР Битола, денеска (25.01) во основното училиште „Тодор Анѓелевски“ во Битола одржаа едукативни предавања на темите - „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“.

Во рамки на предавањета, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога. Исто така, полициските службеници на учениците им укажуваа за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи, како и нивно навремено препознавање и превенирање, пред се во поглед на правовремено спречување на насилството помеѓу младите.

Исто така, на целото подрачје на СВР Битола и денеска се спроведуваат превентивни активности за побезбеден сообраќај со акцент на забраната за конзумирање алкохол при управување на моторно возило. За време на сите активности на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП.

Воедно полициски службеници од ОВР Ресен во централното градско подрачје на Ресен реализираа средби со граѓаните каде им беше укажана потребата од соработка на полицијата и граѓаните, пред се во насока на превенција од имотни деликти (кражби, разбојништва, измами и слично).