25 јануари 2024

„Биди подготвен за безбедно патување во зима “, превентивна активност на СВР Скопје

Вчера (24.01.) од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП , на подрачјето на ПО Петровец – односно кај наплатната рампа „Миладиновци“ беше реализирана сообраќајно - превентивна активност под мотото – „Биди подготвен за безбедно патување во зима “.

Во рамки на активностите, од страна на полициски службеници на возачите им беа поделени едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки и информации за одговорно управување на возилата во зимски услови, а согласно позитивната законска регулатива.

Исто така , во непосредните разговори со возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот, потоа за задолжително носење на заштитен појас, некористење на мобилен телефон при возење, а особено беше потенцирано да не се вози под дејство на алкохол.