23 јануари 2024

„Биди подготвен за безбедно патување во зима“, превентивна активност на СВР Велес

Денеска (23.01.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, на регионалниот пат Неготино-Кавадарци беше реализирана сообраќајна превентивна акција за побезбеден сообраќај под мотото – „Биди подготвен за безбедно патување во зима“, при што на учесниците во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а воедно на возачите им беше укажано за штетите и последиците кои можат да настанат од некористење на зимска опрема односно зимски гуми и ланци.

Дополнително беше посочена и важноста од техничката исправност на возилата кои ги управуваат.