19 јануари 2024

Присуство на МВР на 24 Состанок на извршниот одбор на Меѓународната асоцијација на полициски академии INTERPA

 

На 17 и 18 јануари 2024 година во Доха, Катар се одржа 24 Состанок на Извршниот одбор на Меѓународната асоцијација на полициски академии (INTERPA).
На состанокот учествуваше делегација од МВР во состав помошник на министерот на Центарот за обука Суза Трајковска, началник на Одделение за мултилатерална соработка Имран Јонузи и началник на Одделение за билатерална соработка Драгица Маневска.

Исто така, на лична покана од Директорот на Полициската академија на Катар, македонската делегацијата присуствуваше на свечената церемонија по повод завршување на генерацијата на полициски кадети.

На Состанок на Извршниот одбор, делегацијата на МВР како членови на истиот, даде поддршка за реализација на планираните настани, предвидени за периодот 2024-2026, потоа за предлог Програмата за планирани обуки со можност за наш придонес во областите на соработка, согласно придобивките што ќе ги имаат учесниците, како и поддршка за Програмата за размена на учесници во обуките предвидени за 2024 година. На состанокот, се усвои предлогот, во текот на 2024 година, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија да биде домаќин на првата заедничка меѓународна Работилница во рамки на ИНТЕРПА.