Денеска (19.01.2024) и вчера (148.01.2024) на подрачјата на Секторот за внатрешни работи Битола беа реализирани низа превентивни активности кои што во најголем дел беа посветени на безбедноста во сообраќајот, но и на заштитата од имотните деликти.
Притоа, на подрачјето Битола беа реализирани средби со граѓаните во централното градско подрачје и Градскиот пазар каде на граѓаните им беа поделени совети и препораки за заштита од имотни деликти. Преку непосредни разговори и средби, на граѓаните им беа дадени совети за заштита од кражби, измами и разбојништва. Во текот на активноста на граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал.
Исто така, сообраќајот беше тема на активностите на Секторот за внатрешни работи Битола, при што на повеќе локации во Битола, Крушево, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод на возачите им беше укажано за потребата од доследно почитување на законските прописи од областа на сообраќајот, пред се околу користење на заштитен појас, како и прилагодување на брзината на движење спрема условите на патот, опасности од возење под дејство на алкохол како едни од најважните правила за поголема сообраќајна безбедност. На возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.