Во текот на вчерашниот ден (13.01.) полициски службеници од Отсекот на превенција при СВР Струмица и Полициската станица Струмица на повеќе локации на подрачјето на Струмица спроведоа превентивни активности во рамки на проектот - „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“.
Преку непосреден разговор, низ практични совети и искуства, како и со делење на летоци со едукативна содржина, граѓаните беа запознаени со улогата, задачите на полицијата, за транспарентноста на институцијата и отвореноста кон нив, а се во насока на обезбедување и гаранција на сигурноста и безбедноста на граѓаните. Исто така, на граѓаните им беше потенцирана важноста на партнерскиот однос, комуникацијата и соработката помеѓу полицијата и заедницата, со цел рано детектирање на сите евентуални проблеми и зголемување на безбедноста која што е од заеднички интерес за сите.