На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес, вчера (11.01.) полициски службеници од Отсекот за превенција реализираа превентивни активности од областа на сообраќајната безбедност.
Притоа под мотото „И јас и ти сме пешаци“ и „Безбедноста на прво место“ на повеќе локации во Кавадарци, полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните укажуваа на клучните фактори важни за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот - пешаците и особено децата и повозрасните лица. Дополнително, на граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали, изработени во соработка со РСБСП, со препораки за безбедно учество во сообраќајот како на пешаците, така и на возачите.