Вчера (11.01.2024) полициски службеници од Полициската канцеларија Пехчево во соработка со секторот за комунални работи при општината Пехчево, на повеќе локации во овој град спроведоа превентивна активност под мотото „Паркирај совесно и одговорно“.
Притоа, на возачите им беше укажано за последиците кои можат да настанат како последица од неправилно паркирање, како и тоа дека возачите не смеат возилото да го запрат или паркираат на места на кои би ја загрозувале безбедноста на другите учесници во сообраќајот, пред се на пешаците и велосипедистите, или пак би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека неправилното паркирање е причина за настанување на поголем број на сообраќајни незгоди, а на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина изработени во соработка на МВР со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.