Денеска (10.01.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, на подрачје на ПС од ОН Центар спроведе превентивна активност насочена кон подигнување на нивото на сообраќајна безбедност во градот.
Притоа, на возачите и другите учесници во сообраќајот им беа делени печатени едукативни материјали со пораки од делот на почитувањето на сообраќајните правила и прописи, односно информирање на граѓаните за позитивната законска регулатива.
Целта на оваа превентивна активност беше подигнување на сообраќајната култура кај возачите, особено да не се управува возило под дејство на алкохол, како и потребата од поседување на зимска опрема во периодот од 15-ти Ноември до 15-ти Март, согласно законската регулатива.