Полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за превенција и од гостиварското Одделение за безбедност на патниот сообраќај денеска (8 јануари) спроведоа повеќе превентивни активности и во Гостивар под мотото и во рамки на кампањата "Среќни, весели и безбедни празници во секој дом-вози одговорно, патувај безбедно" на поголем број возачи им се делеа летоци со информативна содржина, совети и препораки, наменски изработени за таа цел. Покрај тоа, во непосредни разговори, возачите се потсетуваа на нивните законски обврски како учесници во сообраќајот и на предвидените санкции за непочитување на истите. Возачите, исто така, беа конкретно запознати и со тоа - како да празнуваат безбедно и притоа да се воздржат од консумирање алкохол доколку возат и од употреба на оружје на празнични, свадбени или други семејни свечености во овој период, но и воопшто.Полициските службеници им укажаа на обврската за задолжително носење на зимска опрема, како и на потребата да ја прилагодат брзината според условите на патот и целосно и безусловно да ги почитуваат сите сообраќајни знаци, правила и прописи.